• сабота, 23 ноември 2024

Митаракис: Одговорните за пожарот во Мориа ќе се соочат со грчката правда, ќе ја издржат казната, па ќе бидат протерани

Митаракис: Одговорните за пожарот во Мориа ќе се соочат со грчката правда, ќе ја издржат казната, па ќе бидат протерани
Атина, 21 септември 2020 (МИА) - Одговорните за пожарот во Мориа, што стави во опасност илјадници животи, ќе се соочат со грчката правда, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис и додаде дека „откако ќе ја издржат казната ќе бидат протерани од земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи во грчкиот Парламентот на надлежната комисија, Митаракис објасни дека настаните од Мориа ја покажаа потребата за изградба на затворени, контролирани центри што, како што рече, ќе ја гарантираат безбедноста и на бегалците и мигрантите, но и на локалното население. -Мориа заврши. Имаме можност да изградиме од нула, нешто подобро, во соработка со ЕУ и според стандардите на новите Центри за прием и регистрација на Самос, Кос и Лерос. Модерни, безбедни и пристојни центри и за имиџот на земјата и за барателите на азил, истакна министерот Пред речиси две седмици, бегалскиот камп Мориа целосно изгоре по подметнатите два пожари, а беа уапсени пет лица. Бегалците и мигрантите што останаа без кров над глава, се сместуваат во новиот, привремен камп Кара Тепе, исто така на Лезбос.ср/

Остани поврзан