• петок, 05 декември 2025

Мисајловски во посета на касарната во Кичево

Мисајловски во посета на касарната во Кичево

Кичево, 12 март 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе ги посети припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата. 

Покрај министерот, ќе присуствуваат и заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили, заменик началникот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

За време на посетата ќе биде извршен увид во градежните зафати кои се извршуваат во касарната. дма/бак/

Фото:МИА архива

Остани поврзан