• петок, 20 декември 2024

Мировниците на ОН ќе останат на своите позиции во Либан

Мировниците на ОН ќе останат на своите позиции во Либан

Њујорк, 15 октомври 2024 (МИА) - Шефот на мировната мисија на Обединетите нации, Жан-Пјер Лакроа изјави дека мировниците на ОН ќе останат на сите позиции во Либан и покрај повиците од Израел да се поместат поради интензивирањето на борбите меѓу Израел и Хезболах и ранетите пет мировници.

„Одлуката е донесена УНИФИЛ засега да остане на сите свои позиции и покрај повиците на израелските одбранбени сили да ги напуштат позициите лоцирани во близина на Сината линија“, рече Лакроа.

Тој посочи дека таа одлука останува во сила.

Мисијата УНИФИЛ, што вклучува стотици европски војници, објави дека во изминатите денови неколкупати била нападната од израелската армија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли наводите дека израелските војници намерно ги гаѓале мировниците на УНИФИЛ во Либан како „целосно лажни“ и ги повтори повиците тие да се повлечат од борбените зони. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан