• четврток, 19 декември 2024

Мирен протест пред руската амбасада во Атина

Мирен протест пред руската амбасада во Атина
Атина, 25 февруари 2022 (МИА) - Со пораки за мир и против војна, грчките опозициски партии СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни, мирни протести пред руската амбасада во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Амбасадата на Русија беше под силно полициско обезбедување и на демонстрантите не им беше дозволено да се приближат до објектот. Двете партии, СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни протести, а процените се дека вкупно и на двата собири имаше над 6.000 лица, кои мирно, испратија пораки за мир. Демонстрантите од Комунистичката партија, од руската се упатија кон американската амбасада во Атина, каде што го продолжија протестот.       Неповрзано со организираните собири, пред амбасадата на Русија дојдоа и неколку украински државјани кои со плакати во боите на украинското знаме, упатија поддршка за нивната земја. ср/сд/ Фото:МИА

Остани поврзан