• недела, 17 ноември 2024

Мирен протест на велешките пензионери со блокирање на влезот во Велес – Север од кај Скопје и Штип

Мирен протест на велешките пензионери со блокирање на влезот во Велес – Север од кај Скопје и Штип

Велес, 25 октомври 2023 (МИА) - Над 300 незадоволните велешки пензионери организирани преку Иницијативниот одбор на „Здружението за достоинствен живот на пензионерите“ од Велес вечерва од 17 до 18 часот повторно излегоа и мирно протестираа со блокирање на сообраќајот на влезот во Велес - Север од кај Скопје и Штип, на локација кај Бензиската на „Лукоил“ наспрема Железен Мост.

Како што информира за МИА, Кире Василевски  претседател на Иницијативниот одбор на ова здружение на пензионери, нивните протести ќе продолжат и понатаму се “додека Владата и Министерството за труд и социјална политика не ги исполнат нивните барања: пет илјади линеарно покачување на пензиите и минимална пензија од 20 илјади денари, како и итна ревизија на сите здруженија на пензионери во земјава и седиштето на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија СЗПМ“.

Василевски, исто така, информира дека здружението кое делува во поголем број градови во земјава на 7 ноември годинава планира централен протест пред Амбасадите на Белгија, Холандија, САД и Велика Британија, како и пред седиштето на ЕУ во Скопје.

Инаку досегашните мирни протести на велешките пензионери преку оваа здружение беа со блокади на сообраќајот на некои од главните велешки улици во центарот на Велес, кај плоштадот „С’рмаале “ и во Нова Населба кога на последниот протест на 17 октомври имеше  блокирање на дел од главната улица „Благој Ѓорев“ кај споменикот на Панко Брашнаров воедно беше блокиран и регионалниот пат Велес-Чашка, како и на индустриската улица „Андон Шурков“.

Инаку од другото Здружението на пензионери на Велес како што информира за МИА претседателот Веле Алексоски, тие им даваат подршка на пензионерите за овие нивни барања. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан