Минчев се сретна со експертот од СИГМА Систернас
- Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска оствари средба со експертот од СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија) Хавиер Систернас, кој е задолжен за спроведување и поддршка на реформите во јавната администрација.
Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска оствари средба со експертот од СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија) Хавиер Систернас, кој е задолжен за спроведување и поддршка на реформите во јавната администрација.
На состанокот, како што информира Министерството за јавна администрација, се разгледуваа тековните активности на ресорното министерство, како и напредокот на оценската мисија на СИГМА во нашата земја.
Експертот на СИГМА Систернас истакнал дека ќе дадат поддршка на процесот за подготовка на предлог-законите кои Министерството за јавна администрација ги повлече од собраниска процедура.
Министерот Минчев нагласил дека Министерството, како координатор на процесот на реформа на јавната администрација во Република Северна Македонија, ќе продолжи да обезбедува целосна поддршка за мисијата на СИГМА. Тој исто така информирал за тековните активности на новото министерство и напредокот во донесувањето на потребната законска регулатива согласно Стратегијата за Реформа на јавната администрација (2023-2030) и акцискиот план (2023-2026). мд/ев/
Фото: Министерство за јавна администрација