• петок, 22 ноември 2024

МНР на ЕУ се договорија за плановите за санкционирање на израелските доселеници на Западниот Брег

МНР на ЕУ се договорија за плановите за санкционирање на израелските доселеници на Западниот Брег

Брисел, 18 март 2024 (МИА) – Министрите за надворешни работи на ЕУ се договорија за плановите за санкционирање на екстремистичките израелски доселеници на окупираниот Западен Брег за првпат, изјавија денеска повеќе дипломати за ДПА.

Санкциите на ЕУ вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имотот и ќе стапат во сила во наредните денови кога ќе бидат објавени во Службениот весник на ЕУ, регистар на закони на ЕУ. На граѓаните на ЕУ, исто така, ќе им се забрани да прават бизнис со санкционираните.

Претходниот обид на ЕУ да ги санкционира израелските доселеници пропадна по противењето на Унгарија, силен поддржувач на Израел. За да се воведат неопходна е едногласност од сите земји-членки на ЕУ.

Тензиите на Западниот Брег многу се зголемија по нападите на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел. Палестинците се жалат на зголеменото насилство од страна на израелските доселеници врз нивните села и маслинови градини. јт/

Остани поврзан