• петок, 22 ноември 2024

Министерот Шаќири со благодарност до медиумите за соработката во изминатите две и пол години

Министерот Шаќири со благодарност до медиумите за соработката во изминатите две и пол години

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Досегашниот министер за образование и наука, Јетон Шаќири преку соопштение упати благодарност до медиумите за соработката во изминатите две и пол години.

-Дозволете да изразам лична благодарност до сите Вас, медиуми и медиумски работници со кои во изминатите две и пол години одлично соработувавме и помогнавте да ја подигнеме свеста за важноста на овој ресор и транспарентноста во работењето на Министерството за образование и наука. Посакувам да сме живи и здрави сите, да останеме обединети и независно на нашата позиција во општеството, да продолжиме да работиме со цел од земја во развој, да станеме развиена и респектабилна земја во глобални размери, вели Шаќири.

Тој посочува дека голем мотив за неговата работа при раководењето со МОН и било да се направи нешто добро за интересите на сите граѓани.

-Не постои поголем мотив за работа кога крајната цел е да се направи нешто добро за интересите на сите граѓани, а особено кога станува збор за интересите на младите. Токму тие беа мојот императив во изминатите две и пол години во кои имав мандат да раководам со Министерството за образование и наука. Искрено и со сета енергија која ја поседуваме, јас и мојот тим се заложивме да ги унапредиме состојбите во ресорот од кој најмногу зависи иднината на државата. Се соочивме со многу предизвици, но постигнавме и големи резултати. Дел од позитивните промени беа веднаш видливи, а дел пак, ќе го постигнат очекуваниот ефект на среден или на долг рок, потенцира Шаќири. фф/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан