• недела, 22 декември 2024

Министерот Трипуновски потпиша договор со Научниот институт за тутун – Прилеп за користење на финансиска поддршка од над 25 милиони денари

Министерот Трипуновски потпиша договор со Научниот институт за тутун – Прилеп за користење на финансиска поддршка од над 25 милиони денари

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството со претставниците од Научниот институт за тутун – Прилеп потпиша договор за користење на финансиска поддршка за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун во износ од 25.500.000 денари, информираат од МЗШВ.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 проценти од вредноста за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на расад на тутун во оранжерии на површина до 0,6 ха. за производство на семе од тутун, вклучително и изработка и ревизија на основен проект за инсталирање на оранжерија кои не смеат да учествуваат повеќе од 10 отсто од вредноста на инвестицијата, во висина не повеќе од 25.500.000 денари со вклучен ДДВ од кој максималната вредност за изработка на основен проект е до 2.550.000 денари со вклучен ДДВ.

- Со овој договор за користење на финансиска поддршка сакаме да помогнеме на Научниот институт за тутун – Прилеп бидејќи е  тесно поврзан со претпријатијата за производство и обработка на тутун, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека преку соработката со Научниот институт за тутун – Прилеп со конкретни активности ќе се учествува во решавањето на проблемите во тутунопроизводството. аа/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан