• петок, 05 декември 2025

Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР

Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР

Скопје, 4 септември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Средбата, како што информира Тошковски преку социјалните мрежи, била искрена и содржајна, со фокус на унапредување на билатералната соработка.

-Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата, напиша министерот на својот фејбук профил.

Тој додаде дека партнерството со САД носи силна поддршка за реформите МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните. ар/аа/

Фото:Фејбсук

Остани поврзан