• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Минчев оствари средба со Независниот синдикат државна администрација на Македонија (НСДА)

Министерот Минчев оствари средба со Независниот синдикат државна администрација на Македонија (НСДА)

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во рамки на денешните работни активности, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со претседателот на Nезависниот синдикат државна администрација (НСДА), Горан Ристески.

На средбата, како што информираат од Министерството, се разговарало за состојбата и предизвиците со кои синдикалните организации се соочуваат, а во насока на подобрување на стандардите и условите на вработените во јавната администрација.

Министерството за јавна администрација, велат оттаму, посветено работи и се залага кон остварување на главните приоритети на оваа институција, пред се градење на партнерски однос со сите засегнати страни и во функција на соработка со синдикатите со цел постигнување на функционален социјален дијалог. сст/дма/

фото Министерство за јавна администрација

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан