• недела, 19 мај 2024

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од општина Гостивар

Министерот за одбрана на Косово доби признание „почесен граѓанин“ од општина Гостивар

Гостивар, 8 јуни 2023 (МИА) – Министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај го доби највисоко признание на општина Гостивар и стана „почесен граѓанин“.

Врачувањето на признанието со „клучот на градот“ беше организирано по посетата на делегацијата од Косово и средбата во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари.

Првиот човек на општина Гостивар на пригодниот чин напомена дека доделување на клучот на градот е укажување на доверба и поттик за натамошна соработка

- Чест и задоволство е да му се додели вакво признание на личност со импозантна биографија. Тој освен што млад, има стекнато значајно искуство и е образуван како воено лице во Кралството Норвешка. Кога даваш клуч некому тоа значи дека имаш доверба во него. Па освен тоа што ќе биде драг гостин од него очекуваме тој да лобира и да ѝ помага на нашата општина, рече градоначалникот Таравари.

Гостинот искажа задоволство од укажаната чест и напомена дека во иднина тоа за него ќе биде поттик за да доаѓа во Гостивар и да помага во неговиот развој развој.

На приемот кај градоначалникот, присуствуваше и заменик министерот за одбрана на Република Северна Македонија, Тирон Јахјага. згм/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан