• петок, 20 декември 2024

Министерот за економија и труд Дурмиши се сретна со австрискиот амбасадор Памер

Министерот за економија и труд Дурмиши се сретна со австрискиот амбасадор Памер

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Развојот на економијата на земјата беше во фокусот на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и австрискиот амбасадор Мартин Памер. На средбата во Министерството за економија и труд, се разговараше и за развојната стратегија и за реорганизацијата на Министерството, а министерот Дурмиши зборуваше за процесот на дигитализација на услугите, нешто за коешто работи и се залага и австрискиот амбасадор.

-Министерството за економија и труд веќе прави напори за креирање на стратегија за економски развој којашто ќе ги олесни процедурите не само за домашните компании, туку и за странските инвеститори. За поддршка на малите и средни компании, Министерството веќе го има објавено јавниот повик за субвенционирање и создавање пофункционален развоен механизам,  информираат од Министерството. 

Од страната на австрискиот амбасадор, се додава во соопштението, министерот Дурмиши доби целосна поддршка и ветување дека поддршката од пријателската земја ќе продолжи и во иднина со цел подобрување на економијата на земјата.

Министерот Дурмиши му се заблагодари на австрискиот амбасадор за поддршката што Австрија ја дава на патот кон интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за одличните односи меѓу двете земји. вј/аа/

Фото: Министерство за економија и труд

 

Остани поврзан