Минирање на автопатот Кичево – Охрид, снег на Буково, Ѓавато и Маврово
- На автопатот Кичево - Охрид денеска во периодот од 15:00 до 16:30 часот ќе се изврши минирање, а снег со слаб интензитет врне на патните превои Буково и Ѓавато и во Битола, со силен интензите
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - На автопатот Кичево - Охрид денеска во периодот од 15:00 до 16:30 часот ќе се изврши минирање, а снег со слаб интензитет врне на патните превои Буково и Ѓавато и во Битола, со силен интензитет во Маврово, информира АМСМ.
Од АМСМ нагласуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/лв/