• вторник, 05 ноември 2024

Милијана Рељиќ повторно eвропска клупска шампионка во таеквондо

Милијана Рељиќ повторно eвропска клупска шампионка во таеквондо

Тирана, 17 јуни 2024 (МИА) - Македонката Милјана Релиќ освои златен медал во сениорки -62 кг и стана европска клупска шампионка на Европското клупско првенство во таеквондо одржано во Тирана, Албанија.

Таа златниот медал го освои со четири победи и без изгубена рунда. Ова се 10 нови поени за Мила на олимписката и светската ранг листа.

Во 2022 година таа беше Европска клупска шампионка, додека минатата година освои бронзен медал.

Во првото коло, Мила беше слободна, во второ коло Мила беше подобра од Италијанката Грета Тарвара. Во борбата за медал Мила ја совлада Татјана Томчак од Полска со 2:0 во рунди, иако во втората рунда при водство на противничката од 3:10, Мила направи фуриозна рунда и на крај, со резултат од 11:11 беше прогласена за победник поради пет казнени поени на противничката. Во полуфиналето Македонката ја победи Турчинката Сервел Чакал, додека во финалето беше поуспешна од Јулија Шпак од Полска. зс/

Остани поврзан