Милик може да се пресели од Наполи во Тотенхем
- Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да стане играч на Тотенхем, објави „Evening Standard“.
Лондон, 11 септември 2020 - Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик може да стане играч на Тотенхем, објави „Evening Standard“.
Сепак, според изворот, лондонци се збунети од сумата од 30 милиони евра што „наполитанците“ сакаат да ја добијат за 26-годишниот напаѓач.
Во сезоната 2019/20, Милик одигра 35 натпревари за Наполи и постигна 14 погодоци.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на полскиот фудбалер на 32 милиони евра. зс/