• недела, 22 декември 2024

Миле Јанакиески излегува од затвор

Миле Јанакиески излегува од затвор

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) – По шест години во затвор за повеќе предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска излегува од затворот „Скопје“.

Апелациониот суд во Скопје, претходно донесе одлука тој да добие условен отпуст за предметот „Титаник“. 

Покрај „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во „Шпански скали„ и „27-ми април“.

Европскиот суд за човекови права и слободи лани ја објави пресудата во случајот на поранешниот министер против Северна Македонија, во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“, во која стоеше дека му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци. ар/лв/
фото:МИА архива 

Остани поврзан