• сабота, 29 јуни 2024

Милер го достигна Крос по бројот на финалиња во Лигата на шампионите

Милер го достигна Крос по бројот на финалиња во Лигата на шампионите
Лисабон, 23 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер се најде во почетниот состав за вечерашното финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен. Ова е четврто финале за Милер во Лигата на шампионите. Така, 30-годишниот напаѓач, кој претходно играше во финалињата во сезоните 2009/10, 2011/12 и 2012/13, во оваа статистичка категорија го изедначи најдобриот резултат на еден германски фудбалер. Во историјата на Лигата на шампионите, од германските играчи, само Тони Крос од Реал Мадрид има четири учества во меч за трофејот во елитната лига. зс/

Остани поврзан