• недела, 22 декември 2024

Милевски пред дуелот со Фарски Острови: Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот

Милевски пред дуелот со Фарски Острови: Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот

Торшавн, 6 септември 2024 (МИА) -  Во пресрет на утрешниот натпревар на македонската А репрезентација против Фарски Острови од новото издание на Лига на Нации, на официјалната прес-конференција говореа селекторот на Македонија, Благоја Милевски изјави дека првиот натпревар е секогаш е тежок, а Фарски Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и тимот има максимална почит кон нив.

-Сепак, наша цел е прво место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа. Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет, изјави Милевски.

Според него, противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз.

-На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен, додаде селекторот. дс

Фото: ФФМ

Остани поврзан