• понеделник, 23 декември 2024

Мила Кунис за болеста на Ештон Кучер: Среќни сме што сме заедно

Мила Кунис за болеста на Ештон Кучер: Среќни сме што сме заедно

Лос Анџелес, 28 септември 2022 (МИА) - Ештон Кучер неодамна откри дека се бори со ретко автоимуно заболување наречено васкулитис. Поради оваа болест, тој привремено не можел да слуша и гледа. Со неговата сопруга, глумицата Мила Кунис за „Ентертејнмент тунајт“ сега проговорија како го пребродиле тешкиот период.

- Мислам дека немате време да седнете и да разговарате, едноставно минувате низ тоа. Одите и се справувате со кое било здравствено нарушување што ќе се појави... Но, сепак имате деца, сѐ уште имате семејство, мора да го живеете животот. И, мислам дека сме многу среќни што се имаме еден со друг, но што се однесува до тоа што постојано седиме и разговараме за тие нешта - не! Мора и да работиме!, вели Мила. Според глумецот, дека васкулитисот го прекинал неговиот вид, слух и го исфрлил целосно од рамнотежа. - Навистина не го цениме тоа додека не го снема, додека не кажеме „Не знам дали некогаш ќе можам да гледам повторно. Не знам дали некогаш ќе можам повторно да слушнам, не знам дали некогаш повторно ќе можам да одам“, иистакна Ештон.

Остани поврзан