Милан одлучи за цената на Ернандез
- Милан одлучи за цената на Тео Ернандез. Клубот е подготвен да се раздели со играчот во летото 2024 година, пренесува новинарот Матео Морето.
Милано, 28 февруари (МИА) - Милан одлучи за цената на Тео Ернандез. Клубот е подготвен да се раздели со играчот во летото 2024 година, пренесува новинарот Матео Морето.
Раководството верува дека фудбалерот може да го напушти тимот за 70-80 милиони евра.
Беше објавено дека за Ернандез се заинтересирани Баерн Минхен и клубови од Премиер лигата и Саудиска Арабија.
Милан ја разгледува и можноста за продолжување на договорот со играчот.
Дваесет и шестгодишниот Французин игра за Милан од 2019 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на дефанзивецот на 55 милиони евра. Неговиот договор со Милан е до летото 2026 година. зс/
Фото: ЕПА