• сабота, 27 јули 2024

Милан одби да го продаде Тео Eрнандез на ПСЖ за 40 милиони евра

Милан одби да го продаде Тео Eрнандез на ПСЖ за 40 милиони евра
Милано, 15 јули 2021 (МИА) - Милан ја одбил понудата на Пари Сен-Жермен за дефанзивецот Тео Ернандез, објави „Тутоспорт“. Според италијанскиот спортски весник, „росонерите“ одбиле да го продадат 23-годишниот Французин на Парижаните за 40 милиони евра. Во сезоната 2020/21, Ернандез забележа 45 настапи за Милан, постигна осум гола и осум асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/

Остани поврзан