• вторник, 05 ноември 2024

Микати: Либан нема други опции освен дипломатски

Микати: Либан нема други опции освен дипломатски

Бејрут, 29 септември 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска изјави дека неговата земја нема други опции освен дипломатски на прашањето за напорите да се стави крај на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.

Тој рече дека засилените борби би можеле да принудат до еден милион луѓе, шестина од либанското население, да избегаат од одредени делови на Либан, и дека ова е потенцијално најголемото раселување во историјата на земјата.

„Тоа е најголемото раселување што може да се случи во Либан“, рече Микати.

Во меѓувреме, министерот за информирање на Либан, Зијад Макари, на седницата на Владата изјави дека се уште траат дипломатските напори за прекин на огнот со Израел, пренесоа израелските медиуми.

„Сигурно е дека либанската влада сака прекин на огнот и сите знаат дека Нетанјаху (израелскиот премиер Бенјамин) отиде во Њујорк врз основа на премисата за прекин на огнот, но беше донесена одлука да се убие Насрала“, рече Макари.

Тој додаде дека дипломатските напори за постигнување прекин на огнот се во тек, но дека тоа не е лесно. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан