• петок, 22 ноември 2024

Микати: Либанската влада е подготвена целосно да ја спроведе мировната резолуција на СБ на ОН

Микати: Либанската влада е подготвена целосно да ја спроведе мировната резолуција на СБ на ОН

Бејрут, 30 септември 2024 (МИА) - Либанската влада е подготвена целосно да ја спроведе резолуцијата на Обединетите нации (ОН) со цел да се стави крај на вооруженото присуство на Хезболах јужно од реката Литани, како дел од договорот за прекин на огнот со Израел, рече либанскиот технички премиер, Наџиб Микати.

Микати рече дека Либан е подготвен целосно да ја спроведе резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН и да распореди војници јужно од реката Литани, која е на околу 30 километри од јужната граница на Либан, пренесуваат британските медиуми.

Тој, исто така, додаде дека заедно со претседателот на парламентот, Набих Бери, се согласиле дека изборот на нов претседател и завршувањето на речиси двегодишното испразнето место на функцијата ќе биде возможно само по воспоставување на прекин на огнот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) му нанесоа неколку удари на Хезболах за време на двонеделниот бран воздушни напади врз цели во Либан кои елиминираа неколку команданти на Хезболах, а многумина стравуваат дека следниот потег на Израел би можел да биде копнена офанзива.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите две недели се убиени повеќе од 1.000 Либанци, а 6.000 се ранети, без да прецизира колку меѓу нив се цивили, а според владините податоци, еден милион луѓе, т.е. една петтина од населението ги напуштило своите домови.

-Ние во Либан сме подготвени да ја спроведеме резолуцијата 1701 и веднаш по спроведувањето на прекинот на огнот, Либан е подготвен да ја испрати својата војска во областа јужно од реката Литани и да ги исполни сите свои должности, рече Микати.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан