• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шест лица загинаа, а 40 се водат за исчезнати при потонувањето на брод со мигранти во Средоземното Море

Шест лица загинаа, а 40 се водат за исчезнати при потонувањето на брод со мигранти во Средоземното Море

Рим, 19 март 2025 (МИА) - Шест лица се пронајдени мртви, а уште 40 се водат како исчезнати откако гумен брод со мигранти потона во Средоземното Море, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

„Преживеаните известуваат дека тргнале на 17 март од Сфакс, Тунис и дека ги имало 56. По неколку часа пловење, бродот почнал да дишне и да зафаќа вода. Пронајдени се шест тела, а 40 се водат за исчезнати“, напиша на мрежата Х Кјара Кардолети, претставник на УНХЦР во Италија.

Според италијанските медиуми, бродската несреќа се случила кај италијанскиот остров Лампедуза, а спасени се десет лица - четири жени и шест мажи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан