• сабота, 23 ноември 2024
МИА Радио флеш

17 јуни 2024 

- Народната банка е посветена на одржувањето на ценовната стабилност, како важен предуслов за раст на економијата, порача гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на 11. Регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночната администрација, „Финансиската стабилност во услови на слаб економски раст во еврозоната“, што се одржа во Бечиќи, Црна Гора.

Како што посочи, кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки. Овие кризи предизвикаа силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години. 

- За граѓаните од православна вероисповед во државава, 21 јуни (петок пред Духовден), е неработен ден. Како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е согласно Законот за празниците. МТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

- Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), напладне ќе се одржи координативен состанок за  опасноста од полусрушениот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје.

Како што информираат од ЦУК, на состанокот се поканети претставници на Министерството за здравство, на Град Скопје и на Општина Центар.

Претходно, ЦУК апелираше до надлежните институции, да се координираат и веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид.

- Во Антверпен  на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски, Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK.

Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори  Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој  е катализатор за соработка, размена на знаење и зајакнување на мрежата,и е врвен собир на претставници на Коморите од цела Европа,претседатели, членови, извршни директори, генерални секретари, директори и менаџери,на едно место се  присутни експерти кои со своите експертски излагања допринесуваат да се обликува иднината на европските комори.

- Говориме за праведен и траен мир. Но, верувам дека сите што сме овде можеме да се согласиме дека овој мир не може да биде резултат на капитулацијата на Украина. Затоа Грција, заедно со многу други земји, ќе продолжи да ја поддржува Украина да се брани, за да дојдеме до точка да има кредибилни преговори, што ќе доведат до праведен и траен мир, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на Самитот за мир во Швајцарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис изрази задоволство што во заклучоците во заедничкото соопштение е истакната важноста од одржување на слободна, целосна и безбедна трговска пловидба, како и поддршка за Украина во заштитата на нејзините пристаништа и инфраструктура, но посочи дека најважната причина зошто оваа војна е глобално прашање „е фактот што сите ние сме тука да ја изразиме нашата посветеност на меѓународниот поредок заснован на правила“.

- Доколку сегашните мировни предлози на рускиот претседател Владимир Путин бидат одбиени, условите за следните ќе бидат потешки, изјави денеска директорот на Руската служба за разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.

Истовремено, тој не кажа од кого треба да се прифатат или отфрлат предлозите за кои станува збор.

-Следните услови под кои може да се постигне мир и да се потпише некаков мировен договор ќе бидат покомплицирани за Украина и потешки, нагласи Наришкин.

- Советот на ЕУ денеска усвои заклучоци за снабдување со медицински радиоизотопи, кои играат витална улога во дијагностицирањето на ракот, утврдување на срцеви состојби и други болести и се повеќе се користат за третмани на канцер, а со цел да се задржат автономијата и глобалното лидерство на Европа на ова поле. 

Снабдувањето со медицински радиоизотопи е еден од приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, како одраз на посветеноста на Унијата и на земјите членки да им обезбедат на граѓаните високо ниво на здравствена заштита со нагласена улога на радиоизотопите за медицинската дијагностика и терапија и зголемена употреба на терапевтски радиофармацевтски производи. 

- Интересот во Велика Британија за вести е намален за речиси половина од 2015 година, јави ДПА, повикувајќи се на студија на Институтот „Ројтерс“ за анализи во новинарството.

Бројот на Британци заинтересирани за вести се намали од 70 отсто од населението во земјата во 2015 година на 38 отсто во 2024 година, според истражувањето.

- На европските берзи утринава пораснаа цените на акциите, што најмногу се должи на корекцијата по минатонеделниот остар пад.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од два отсто.

- Советот на ЕУ денеска усвои заклучоци за снабдување со медицински радиоизотопи, кои играат витална улога во дијагностицирањето на ракот, утврдување на срцеви состојби и други болести и се повеќе се користат за третмани на канцер, а со цел да се задржат автономијата и глобалното лидерство на Европа на ова поле. 

Снабдувањето со медицински радиоизотопи е еден од приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, како одраз на посветеноста на Унијата и на земјите членки да им обезбедат на граѓаните високо ниво на здравствена заштита со нагласена улога на радиоизотопите за медицинската дијагностика и терапија и зголемена употреба на терапевтски радиофармацевтски производи. 

- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Според „Тајмс оф Израел“, доцна синоќа Нетанјаху му рекол на Воениот кабинет, мала група високи функционери од низа партии што беше формирана на 11 октомври за да управува со операциите против Хамас и Хезболах, дека тие официјално се распуштени.

- САД заостануваат 15 години зад Кина во развојот на високотехнолошка нуклеарна енергија бидејќи технолошкиот пристап поддржан од државата и големото финансирање му даваат предност на Пекинг, се вели во извештајот објавен денеска.

-Кина има 27 нуклеарни реактори во изградба со просечно време на изградба од околу седум години, многу побрзо од другите земји, според студијата на независниот истражувачки институт со седиште во Вашингтон, Фондацијата за информатичка технологија и иновации.

Остани поврзан