• сабота, 06 јули 2024
МИА Најави – МКД
5 февруари 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 131. седница. (12:00) Скопје – Посета на Томас Бертин, шеф за Балканот и Елса Бензакуен Наваро, одговорна за земјава во француското МНР во посета на Република Северна Македонија: - средба со пратеничката Ивана Туфегџиќ. (сала на Влада/10:00) - средба со пратеникот Бетиан Китев. (сала на Влада/11:00) Скопје - Отворање на Парламентарна буџетска канцеларија во Собранието. (сала на Влада/14:15) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 10/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала на Уставна комисија/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала 4/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура. (сала 6/10:30) Скопје - Делегација на војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ во посета на Република Северна Македонија: - свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ. (фото и видео инсерти/09:25, медиумски екипи најдоцна до 09:05) - средба со генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. (фото и видео инсерти/09:30) - потпишување во книгата за впечатоци. (фото и видео инсерти/09:50) - средба со висок претставник од Министерството за одбрана. (фото и видео инсерти/09:55) - работен состанок со дел од клучниот персонал во Генералштабот. (фото и видео инсерти/10:15) Скопје - Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска на средба со менаџментот на компанијата „Раде Кончар“ контрактори и релеи по што ќе ги посетат производствените простории на фирмата. (бул. „Трета Македонска Бригада“ бр. 54/10:00, изјави за медиуми по посетата) Босилово - Изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски за исплатата на субвенции за градинарски култури (12:30) по што Димовски ќе ја посети браната Чаушица (13:00) Скопје - Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе ја посети градинката „Панорама - Водно“ во општина Центар каде се врши замена на систем на затоплување во рамки на Планот за чист воздух. (10:00) Скопје - Прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период. (х. „Арка“/11:00) Скопје - Недела на интегритет и антикорупција 2020  организирана од Интернационалната стопанска комора со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија. (х. Хилтон/11:00) Скопје - Прес-конференција на директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска за исплатата од проектот „МојДДВ“ за второто тримесечје. (Генерална дирекција во УЈП, зграда НБРМ, кат 2/11:00)  Скопје - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски ќе одржи средба со новинари. (РКЕ/10:00) Скопје - Дводневен семинар „Поддршка на Европската Унија за културна соработка на Западен Балкан: Семинар за промоција и вмрежување“ во организација на Министерството за култура во соработка со Делегацијата на Европската унија во Скопје. (Дом на Европа, бул. „Кирил и Методиј“ 52Б/10:00) Скопје - Град Скопје и Министерството за животна средина организираат Отворен ден за новинарите во депонијата „Дрисла“. (13:00) Скопје - Прес-конференција на Друштвото на филмски работници за второто издание на „Златна Рамка - денови на македонски филм“. („Коузи бар“, стара „Кригла“/11:00) Скопје - Отворање на изложбата „Охрид/поглед од другата страна“. (Музеј на Република Северна Македонија/12:00) Скопје - Изложба на црно-бели фотографии и промоција на книгата „Прага интима“ од македонскиот автор Влатко Деков. (НЛБ Галерија/20:00) Скопје - Промоција на новата книга „Сакам, значи постојам“ на Ана Јовковска. (Арт-кафе „Ли“/19:00) Скопје - Избор на најдобрите македонски каратисти во традиционално карате за 2019 година. (х. Хотел Спа & парк/12:30) Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт и Карате федерацијата на Македонија по повод настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21 во Будимпешта. (АМС/13:30) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан