• понеделник, 23 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
22 јануари 2020 Ерусалим -  Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе учествува на Форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот. Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 130. и 123. седница. (сала „Македонија“/12:00, 12:15) Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала 10/10:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала 4/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 10/11:30) Скопје - Претседателот на Владата Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посетат новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. (11:00)  Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, ќе има средба со делегацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата предводена од претседателката Билјана Ивановска. (ДКСК/14:30, изјави за медиумите ќе дадат претседателката на ДКСК и вицепремиерот Бујар Османи/15:15 часот)

Охрид - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска заедно со директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс ќе го посетат Општинскиот електро-машински училишен центар „Наум Охридски“ во Охрид. (ОЕМУЦ „Наум Охридски“, инсерти/11:00, на крајот на посетата изјави за медиумите ќе дадат Царовска и Мартенс)

Скопје - Министерката за финансии Нина Ангеловска ќе се обрати на промоцијата на новата опрема за царинската лабораторија набавена преку Програмата ИПА 2013. (Институт за хемија, Природно-математички Факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“/10:00) Новаци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе ја посетат капиталната инвестиција, реконструкција на локален пат од с. Тепавци до регионален пат Р-2340. (локален пат од с.Тепавци, изјави за медиуми/11:30) Скопје - Седница на Уставен суд. (9:30) Скопје - Промоција на иницијативата Отворено судство која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ и промоција на анализата „Отвореност на судството во Северна Македонија“. (х. „Арка“/10:00) Скопје - Завршна конференција на проектот: „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.  (х. „Континентал“/10:00, изјави за медиумите/11:00) Скопје - Прес-конференција на претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, Јаким Неделков. (сала за состаноци на СОНК, ул. „Маџир Маало“ бр. 36/11:00) Скопје - Годишна инвеститорска средба во организација на Илирика Фунд Менаџмент. (Стопанска комора на Македонија, Бизнис сала/17:30) Скопје - Младински образовен форум (МОФ) ќе промовира две истражувања од областа на студентскиот стандард. (простории на Europe House, поранешно ЕУ Инфоцентар/11:00) Скопје - Презентација на проектот за поддршка на младите, неоткриени таленти во Македонија „Ново Име”. (Public Room, Makers Room/12:30) Скопје - Промоција на збирката раскази „Приказни на тивок оган“ од Светлана Камџијаш. (МКЦ Клуб ресторан/20:00) Скопје - Изведба на претставата „Орестија 1/4“. (МКЦ, сала „25 Мај“/20:00) __________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан