• четврток, 12 декември 2024
МИА Најави - свет

6 декември 2024

Загреб - Пратениците во хрватскиот Сабор ќе гласаат за доверба на премиерот Андреј Пленковиќ на иницијатива на опозициската СДП во врска со апсењето на поранешниот министер за здравство Вили Берош.

Рас Ел-Хеми - Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин ќе го отвори вториот ден од сесијата „Евроазиски економски форум Верона“ во Обединетите Арапски Емирати и ќе разговара со претставници на ОАЕ.

Минск - Рускиот претседател Владимир Путин во посета на Белорусија.

Доха - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во посета на Катар.

Сиргала - Меѓународна воена вежба на НАТО „Молња“ како симулација на вооружен конфликт.

Сеул - Светската банка ќе објави програма за финансиска поддршка за најсиромашните земји во светот.

Бејрут - Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во посета на Либан.

Копенхаген - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси во посета на Данска и Норвешка.

Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за Ирак.

Остани поврзан