• сабота, 18 мај 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

14 септември 2023

Брисел - Нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, и со учество на претседателот на Србиј  Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти.

Будимпешта - Почеток на петтиот Демографски самит, на кој е најавено учество на највисоките функционери на Унгарија, италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев. 

Вашингтон - Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок, дводневната посета на САД ја започнува со средба со шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

Вашингтон - Ќе биде објавен извештајот на американската вселенска агенција НАСА за неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Франкфурт - Прес-конференција на Европската централна банка за монетарната политика во еврозоната.

Остани поврзан