• среда, 13 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет

26 Јануари 2024

Хаг – Меѓународниот суд на правдата ќе ја соопшти одлуката за барањето од тужбата за геноцид што Јужна Африка ја поднесе против Израел.

Брисел – Средба на премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Виена – Протест против расизмот и екстремната десница.

Анкара – Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон во посета на Турција.

Москва – Неделна прес-конференција на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Њу Делхи – Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде почесен гостин на Националниот ден на Индија.

Џуба – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во посета на Јужен Судан.

Остани поврзан