• недела, 17 ноември 2024
МИА Најави МКД

15 ноември 2023 

Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи средба со романската министерка за надворешни работи, Луминица Одобеску. (Собрание, Сала на Влада / 15:50)

Скопје - Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

- Пристигнување на МНР Одобеску во Министерството за надворешни работи. (12:00)

- Tет-а-тет средба Османи - Одобеску (12:00-12:15)

- Билатерална средба помеѓу делегациите на Република Северна Македонија и Романија. (12:15-12:35)

- Потпишување Протокол за соработка во областа на образованието меѓу Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за образование на Романија. (12:35-12:45) 

- Потпишување Акционен план за соработка за 2024-2025 меѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Романија

 - Прес конференција Османи - Одобеску (12:45-13:00)

Скопје - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал, ќе го презентираат истражувањето „Анализа на состојбата со јазичното образование на помалите заедници“. (х. „Мериот“ / 11:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со раководството на МВР ќе го посети новиот пункт на МВР за промена на личните документи без закажување. (Полициска станица „Пролет" во Општина Кисела Вода, сала  на сообраќајна полиција /11:00, изјава за медиумите /11:15)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе присуствува на состанокот на управниот комитет на COST – европската програма за соработка на областа на науката и технологијата. (х.„Холидеј ин“/9:00)

Скопје - Дебата на Националниот форум на Цивика мобилитес на тема „Од граѓански активизам до општествени промени – очекувањата наспроти реалноста“ во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). (х.„Александар палас“/ 9:30, изјави за медиуми / 9:45)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 95-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/82893045754?pwd=ryMWkeNEYYww8PFaUXc2ax5zU4a2uO.1/10:00)

Скопје - Дводневна АмЧам конференција „Градење сајбер-отпорни организации“ во организација на Комитетот за дигитални трансформации при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). (х.„Хилтон“/10:00)

Скопје - Форум „Опасност по културното наследство при воени конфликти - состојби, обврски и мерки за заштита“ во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Северна Македонија. (Музеј на Република Северна Македонија, киносала /12:00)

Скопје - Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Институтот за историја „Али Хадри“ - Приштина, ќе организираат трибина: „Археологија, литература и градење на државата - Портрет на академик Еди Шукри“, во рамки на петтото издание на Културно-научната манифестација „Денови на албанската азбука". (Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Охридска сала / 10:00)

Тетово - Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ќе одржи брифинг за новинари. (Општина Тетово, сала за состаноци/11:00)

Скопје - Изјава за медиумите на претседателите на Единствена Македонија и на Сојузот на пензионери. (пред влезот во Собранието/12:30)

Скопје - Книжевна вечер со академик Влада Урошевиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. (Аула на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”/18:00)

Струмица - Примопредавање донација за детското одделение во Општа Болница-Струмица во организација на Фондација Елеуса. (13:00)

Скопје - Промоција на новата книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“. (КИЦ/ 19:19)

Скопје - Филхармонијата премиерно ќе го изведе концертот за деца насловен „Оловното војниче“ на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. (Македонска филхармонија /12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан