• понеделник, 20 мај 2024
МИА Најави МКД

20 јуни 2023 

Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“. ( х. „Лимак“/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:15)

Скопје - Пратеникот Иван Стоилковиќ ќе одржи средба со Стефан Кркобабиќ, претседател  на Пратеничката група ПУПС - солидарност и правда.(Струшка сала/13:30)

Скопје - Посета на Делегација од Пратеничката група за пријателство на Собранието на Француската Република:

- средба со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија  Горан Мисовски. (Сала на Влада/15:00-15:45)

-Средба со претседателот на Комисијата за европски прашања  Арбер Адеми  и со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски. (Сала на Влада/16:00-17:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свечената  академија по повод 70 години од основањето на Институтот  за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и 120 години од објавувањето на книгата „ За македонцките работи“. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ –  Скопје/10:00)

Скопје - Хуманитарно добротворната фондација Македонски Каритас, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“-Тетово и Здружението на граѓани за помош на бездомници ќе одржат завршна конференција на проектот ГРИЖИ СЕ. (Public room, конференциска сала, кaт 1/10:00)

Скопје - Прес-конференција за 44-тото издание на фестивалот „Скопско лето“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност. (Градска кафеана „Пелистер“/11:00)

Скопје - КСП Центар Јадро организира дводневна работилница „NFT ART - револуција или полуција“. (КСП Центар Јадро/19:00)

Скопје - Изложба на фотографии на Жосеф Мариа Рибас Прус и Дамиан Диаконеску. (Култутно информативен центар, салон Империјал 2/20:30)

Скопје - „Записи“ изложба на цртежи и колажи од Стефан Младеновски.

Скопје - Мини танцов фестивал  „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ во организација на Факултетот за музичка уметност. (НОБ, мала сцена/19:30) 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан