• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

27 јуни 2025 

Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ги одржи 58-та и 55-та седница. (Сала „Македонија“/11:00/11:15)

Струга - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе се обрати на настан по повод започнување на првата фаза од мега-проектот за реконструкција и замена на главната водоводна мрежа од азбестни цевки. (https://www.google.com/maps/place/41%C2%B010'21.0%22N+20%C2%B039'58.1%22E/@41.172506,20.6635761,856m/data=!3m2!1e3!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.172506!4d20.666151?entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MDYyMy4yIKXMDSoASAFQAw%3D%3D/14:00)

Скопје - Зaменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи ќе одржи прес-конференција. (Медија центарот на Владата/11:00)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Гоце Димовски ќе одржат прес-конференција на која ќе биде презентирано сработеното во првата година од мандатот на новата Влада. (МНР/10:00)

Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Даниел Филер, шефицата на Канцеларијата на Фондот за население на ОН во Северна Македонија, Афродита Шаља, ќе се обратат по повод промоцијата на видео материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“  фокусирана на подигнување на јавната свест за родово базирано насилство врз жените. (Центар за поддршка на социјалните претпријатија, зад Спомен - куќата на Мајка Тереза/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (седиште на  Движењето ЗНАМ во Скопје, на ул. Климент Охридски бр. 66/12:00)

Скопје - Лидл Северна Македонија ќе одржи настан посветен на развојот, извозот и сертификацијата на локалното производство на овошје и зеленчук. (Стопанска комора на Северна Македонија/09:00)

Пробиштип - Промоција на книгите „Каменот на времето“ и „Стрелата на смртта“ на Сара и Стефан Петковски. (Домот на кулутра, „Злетовски рудар“/19:00)

Скопје - Групна изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ која се состои од дела на четворица млади уметници,Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ. (КСП Центар Јадро Скопје/20:00)

Скопје -  Прес-конференција по повод претстојниот концерт и албум промоција на Јордан Костов Маглота Секстет. (кафе бар Буква/11:00)

Скопје - Акрилен јубилеј, самостојна изложба на Дејвид Стоилковски. (Парк на франкофонија, Мобилна/Монтажна галерија/20:00)

Скопје - ФотоСинтеза - изложба на алтернативна фотографија. (Мултимедијален центар Мала Станица/20:00)

Скопје - Отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи. (Музеј на град Скопје/19:00)

Скопје - Изведба на балетот „Госпоѓа Бовари“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Во рамки на програмата на 46-тото Скопско лето ќе се одржат два настана, изведба на детска театарска претстава „Во царството на другарството“ во продукција на Театар Хит - Скопје (Сули ан/20:30) и концерт насловен „Звуците на љубовта низ италијанскиот романтизам“ на Марија Ташевска, сопран и Анастасија Кочева, пијано (Музеј на македонската борба за самостојност/20:30)

Кишњев - Драмскиот театар Скопје со монодрамата „Кармен“ ќе учествува на 13. Меѓународен фестивал на камерни театри и малите театарски форми“ во Кишњев, Молдавија.

Скопје - Фестивал Sound of Green 2025. (Градски парк, Школка/12:00)

Скопје - Меѓународен фестивал на елекронска музика". (Градски парк, Летна сцена - Лепеза/19:00) 

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан