• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

29 јануари 2024

Скопје - Примопредавање на функцијата меѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и претседателот на преодната Влада, Талат Џафери. (Влада на Република Северна Македонија/10:00)

- По пристигнувањето на платото на Владата, планирано е Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба.

- Изјава за медиумите по средбата (10:30)

(Фоторепортерите и снимателите ќе имаат можност за инсерти и од пристигнувањето на Ковачевски и Џафери на платото пред Владата и од нивната средба, пристигнување најдоцна до 8:30 часот во Медија-центарот на Владата)

Скопје – Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе се сретне со претседателот на Собранието, Јован Митрески. (Собрание, Стар кабинет/13:30)

Скопје – Директорката на Швајцарската агенција за развој и соработка за Југоисточна Еропа, Катарина Помпилио, на средба со потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и генералната секретарка, Цветанка Иванова. (Собрание, Сала на Влада /12:00)

Скопје - Месечно обраќање во Стопанската комора на тема: „Циркуларна економија – Модел за минимизирање на отпадот и искористување на ресурсите за одржлив раст на економијата“ на која ќе се обрати проф. д-р Наташа Петровиќ од Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград. (Стопанска комора/12:00-13:00) 

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) пред Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). (12:00)

Скопје – Прес-конференција на Европскиот сојуз за промена. (Пред Министерство за
политички систем и односи меѓу заедниците/13:00)  

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан