• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

29 јули 2025

Скопје - Собранието ќе ја одржи 64-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ќе го посетат студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу". (10:00)

Скопје - Потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион на кој е најавено обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити. (Влада/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Сојузот на синдикатите на Македонија на која ќе се обрати претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.(Работнички дом, зграда на ССМ, сала за состаноци, 10 кат/10:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и финансовиот директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Маја Стевкова Штериева ќе присуствуваат на отворањето на новата градинка “Верверичка” во општина Кисела Вода. (ул.“Михаил Чаков”, во непосредна близина на ООУ "Невена Георгиева Дуња"/10:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, ќе присуствува на промоцијата на новиот паркинг простор наменет за резиденти во Урбан Блок 13, односно кај поранешниот „Бугарски пазар“ во Тетово по што ќе даде изјава за медиумите. (11:00)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми. (Седиште на ДУИ /11:00)

Битола - НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола организира Саем на книги. (Плато пред Народен театар-Битола/19)

Битола - Фестивал „Илинденски денови“, вечер на традиционална музика и игра. (Офицерски дом/20:00)

Скопје - „На одмор сум, во Центар сум“, настан за деца во Капиштец со креативна програма и театарска магија во организација на општина Центар и издавачката куќа „Паблишер“. (Парк во населбата Капиштец/19:00)

Скопје - Почеток на тренинзите на РК „Вардар“. (Сала „Мајка Тереза“ во населба Капиштец - Дом за деца без родители 11 Октомври, изјави за медиуми од 18:30-19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан