МИА Најави - МКД
- 30 октомври 2025
30 октомври 2025
Скопје - Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации во Северна Македонија (УНДП), Армен Григорјан и директорот на Дивизијата за одржлива енергија, UNECE, Дарио Лигути во рамки на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој ќе ја потпишат „Декларацијата Скопје“. (хотел „Холидеј Ин“/16:45 – 17:30)
Штип - Македонскиот институт за медиуми и Советот за етика во медиумите ќе одржат настан „Етиката и предизвиците во известувањето на медиумите за локалните избори, 2025 година“. (хотел „Оаза“/12:00-14:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Современа скулптура". (Музеј на Град Скопје/20:00)
Прага - Изложба „Љубовници во пандемија 2“ на Јана Манева Чупоска. (Македонска амбасада во Прага/17:30-19:30)
Скопје - Свечено затворање на фестивалот „Златна лира 2025“ со концерт на Глигор Гелебешев - пијано и доделување на наградите „Златна лира“. (Музеј на македонската борба/20:00)
Скопје - QUEER програма на Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско со отворање на изложбата „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ Архивата „Аркадија“ од Србија. (КСП Центар - Јадро/20:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***