• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

30 март 2024

Кривогаштани – Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во работна посета на Општина Кривогаштани:

- Средба со градоначалникот Николче Мискоски. (во општинската зграда во 13:45 часот) 

- Изјави за медиумите на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и на градоначалникот на Општина Кривогаштани Николче Мисковски. (15:00)

Скопје – Во рамки на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“, чиј организатор е Јавна соба ќе настапи ансамблот ВИС Билјана со интерпретација на староградската песна. (Јавна соба/ 21:00)

Скопје – Втор детски саем КИД ЕКСПО. (х. „Александар Палас“/10:00 – 19:00)

Скопје – Здружението „Наши“, како дел од напорите за остварување на правото на заедничко родителство по развод во Република Македонија, организира родителски караван со автомобили во Скопје. (маршрута: пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски/ 11:00, се движи кон Министерството за прада, а потоа кон Владата – пристигнување пред Влада/ 11:55)

Скопје – Едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“ во организација на Бајкерс Гараж Македонија и Општина Кисела Вода. (пред салата „Расадник“/ 11:00)

Гостивар - Потпишување на коалицискиот договор меѓу претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села и претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети. (Спортска сала „Младост“/21:00)

 

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан