30 јуни 2025
Скопје - Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан посветен на Планот за раст на која ќе присуствува еврокомесарката за проширување Марта Кос:
- Тет-а-тет средба меѓу претседателот на Владата Христијан Мицкоски и комесарката за проширување Марта Кос, по што ќе следи билатерална средба со проширени делегации. (х. Хилтон/16:00)
Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе оствари средба со раководителката на Одделот за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Зузана Михалкова Шутиакова. (Стар кабинет-Собрание/15:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/12:00)
Скопје - Свечена изјава на новоизбраниот член на Советот на јавни обвинители Фатих Алиу. (Охридска сала на Собрание/11:00)
Прилеп - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп. (12:00)
Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе одржи прес-конференција по повод една година Влада. (Медија-центар на Влада/10:00)
Гевгелија - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин Богородица каде заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“. (12:00)
Ресен - Општина Ресен и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) ќе ја промовираат Програмата за одржлив туризам во Преспа како дел од интегралната програма „ЕУ за Преспа“. (Дом на културата „Драги Тозија“/11:00)
Струга - Францускиот институт во Скопје го организира 26-то издание на Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, која повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. (хотел „Дрим“/18:30)
Солун - Оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. (Концертна сала во Солун/ 21:00)
Скопје - Џез концерт на Ѓорги Шаревски трио. (Сули ан/20:30)
Скопје - Концертна промоција на албумот Маглота на Јордан Костов. (Македонска филхармонија/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***