• петок, 11 октомври 2024
МИА Најави МКД

11 октомври 2024 

Скопје/Куманово/Прилеп - Одбележување на Денот на народното востание - 11 Октомври:  

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија под нејзино покровителство. (Музеј на македонската борба за самостојност/13:00, пристигнување на медиумите/12:45)

Скопје - Владина делегација во состав министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски ќе положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел (10:30) и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата. (11:30)

Куманово - Владина делегација во состав министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. (10:00)

Прилеп - Владина делегација во состав министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов - Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски - Питу и Могила на непобедените. (9:30)

Скопје - Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2024 за највиско признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Собрание, Кристална сала/12:00, камермани и фоторепортери)

Скопје - Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел (10:30) и на споменикот „Ослободителите на Скопје“. (Плато пред Владата/11:30)

Прилеп - Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. (9:30)

Куманово - Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата. (10:00)

Скопје - Прес-конференција на Демократската унија за интеграција. (Седиште на ДУИ, Чаир/12:00)

Скопје - Амбасадорката на Кралството Холандија Узлем Џанел ќе го отвори фестивалот „Здраво млади“. (Младински културен центар/20:00)

Велес - Мултимедијален настан „Нова надеж“, на музичката платформа „Терапија“. (Спомен - костурницата во Велес/18:00)

Битола - Денови на македонското пчеларство – изложба. (Плоштад „Магнолија“/11:00)

Скопје - Прва ликовна колонија во организација на Општина Кисела Вода. (Дом на култура во Драчево, тргнување на паркингот кај Општината/10:00)

Скопје - Интернационален детски музички фестивал „Ѕвездички“. (Национална опера и балет)

Битола - Свечено затворање на ИНТЕРФЕСТ фестивал на класична музика. (Офицерски дом/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан