• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави МКД

26 јануари 2024 

Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ја одржи 139-тата седница. (11:00)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Ана Чупеска-Станишковска, претставник на академската заедница ќе се обратат на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје - Министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција. (Влада, медија центар/11:00, на македонски, https://www.youtube.com/watch?v=i0De3iDVAKE, на албански, https://www.youtube.com/watch?v=aYCFqi4oSwY

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова ќе го потпишат Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. (Простории на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“/10:00, изјави за медиумите по потпишувањето на Меморандумот, пристигнување на медиумите/9:40)

Скопје - Министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе се обрати на промоцијата на гаранцијата за деца по примерот од земјите во ЕУ. (Клуб на пратеници, кино сала/10:30)

Скопје - Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Филип Тосевски, амбасадорката на Израел Симона Франкел, амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA Нивес Тигањ и заменик-претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија Радојка Хелман Денковска ќе се обратат на настан по повод одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот. (Министерство за надворешни работи/10:00)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 99-та седница. (https://us06web.zoom.us/j/82271019989?pwd=u7uDhSbqBd5n2v46YVy1oMT5czAjuS.1/10:00)

Скопје - Настан „Зајакнување на судството и заштитата на младите во дигиталната ера“ во организација на Агенцијата за заштита на личните податоци, Делегацијата на Европската Унија, Центарот за правни истражувања и анализи и Македонско здружение на млади правници. (х. „Солун“/10:00 и фејсбук страната на Центарот за правни истражувања и анализи)

Скопје - Изјава на претседателот на Сојузот на средношколци Берин Мухамед. (Пред Град Скопје/11:00)

Скопје - Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. (Француски институт во Скопје, ул. „Св. Кирил и Методиј”, бр. 48/18:00)

Скопје - Отворање на петтата триенална изложба на графички листови од графичката работилница Софија – Богданци. (КИЦ, Салон Империјал 1 и 2/20:00)

Битола - Премиера на театарската претстава „Вујко Вања“. (Народен театар-Битола/20:00)

Скопје - Промоција на прогресивна и креативна младина преку платформата „СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ“ со концерт на  бендот „Црно собрание“ од скопската гимназија „Никола Карев”. (Едукативен културен центар „Лабораториум“/21:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан