• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

17 мај 2023 

 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 115-та седница. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)

Скопје - Седница на Законодавно правната комисија на Собранието. (Сала на Уставна комисија/14:00)

Скопје - 21. Состанок на Мешовит парламентарен комитет - Република Северна Македонија и ЕУ. (Сала „Борис Трајковски“/8:30)

Скопје - Работна посета на Мануел Сарацин, специјален пратеник за Западен Балкан на Собранието.

-Средба со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ; Антонијо Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика и Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. (Сала 5/10:00-11:00)

 - Средба со пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата (Сала 5/11:05-12:00)

 - Средба со пратениците на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата (Сала 5/13:00-13:55)

- Средба со пратениците на пратеничката група на Алијанса за Албанците (Канцеларија 236/14:00-14:35)

 - Средба со пратеникот Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз (Канцеларија 140/14:40-15:10)

- Средба со пратениците и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами (Сала 5/15:15-15:45)

- Средба со пратеникот Африм Гаши, претседател на Алтернатива (Канцеларија 144/15:50-16:20)

Скопје - Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата ќе го одбележи 17 Мај - Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија. (Собрание, сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска ќе одржи брифинг со медиумите. (Клуб на пратеници/10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопнатсво Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе ја посетат градинката ЈОУДГ „13 Ноември“, Општина Центар, Скопје. ( ул.„Никола Тримпаре“ бр. 17а, меѓу Млин Балкан и Песталоци/9:00, изјави за медиуми/9:30)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани ќе ја претстават кампањата за згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“. (Центар за поддршка на згрижувачки семејства 11 Октомври/10:00, изјави за медиуми во холот/10:00 до 10:15)

Скопје - Дискусија насловена „Руската агресија против Украина: Нов моментум за проширувањето на ЕУ“ во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика. (х. „Мериот“/14:00)

Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на тема „Стручно е клучно“-Уписи во стручните училишта. (Стопанска комора, сала 1, 5-ти кат/10:00)

Скопје - Дебата на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“ во организација на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. (Простории на Универзитетот/11:00)

Скопје - Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Скопје и Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје ќе одржат панел дискусија на тема „Демографските предизвици и можности за одржлив развој на Северна Македонија". (Филозофски факултет, Амфитеатар 4/10:00)

Скопје - Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ќе ги додели HR-наградите за 2022 година. (Јавна соба/20:00)

Валандово - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Валандово и директорите на фестивалот „ФОЛК ФЕСТ Валандово 2023“. (Општина Валандово/12:00)

Скопје - Прес-конференција за Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во пресрет на неговото четврто издание, кое ќе се реализира од 18 до 20 мај во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. (Филхармонија кафе бар/11:00)

Скопје - Концерт насловен „Ишарет“ на пијанистот Дино Имери. (Македонска филхармонија, голема сала/20:00)

Скопје - Промоција на „Вдахновенија 6“ од Атанас Конески. (КИЦ/19:00)

_________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан