• понеделник, 06 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

7 октомври 2023 

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на ГИЗ за Северна Македонија и Косово, Давид Оберхубери ќе се обратат на настанот „Вкуси ја традицијата - Втор национален саем за храна и пијалаци“. (Градски парк, простор пред езерцето/11:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државниот секретар во Министерството за одбрана Владимир Анчев ќе се обратат на 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал, посветен на загинатите припадници на Армијата на Република Северна Македонија во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. (Спортски центар „Јане Сандански“во Аеродром/9:30, пристигнување на медиумите/9:15)

Крушево - Дваесет и прво издание на Меѓународната младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ во организација на Младински сојуз-Крушево. (х.„Монтана“, брифинг за медиуми и изјави/12:00)

Кавадарци - Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња насловен „Супер лут предизвик". 

Скопје - Прес-конференција по повод преставата „Самрак на боговите“ на режисерор Јагош Марковиќ . (Драмски театар/11:00)

- Изведба на претставата „Самрак на боговите“. (Сцена на Драмски театар/20:00)

Струга - Меѓународна поетска манифестација „Струшки книжевни средби“ во организација на културниот центар „Бран“. (Центар за култура „Браќа Миладиновци“/18:00)

Скопје - Работилници за современ танц и движење КУЛТРЕНИНГ - „Taming the wild“ и за кореографија со Тереза Лазарев во организација на  ЛОКОМОТИВА - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата. (КСП Центар – Јадро/18:00)

Скопје - „Ден на бесплатни стрипови“ во организација на Стрип Книжарницата „Бункер“. (Стрип книжарница „Бункер“/10:00)

Прилеп - 13. Национален слем-натпревар.

- Промоција на филмот „Ние“ на Горазд Китановски-Кени. (Кафе „Чоше“/18:00)

- Промоција на збирките поезија „Празен град“ на Снежана Стојчевска и „Огнен пој“ на Перо Сарџоски. (Таверна „Клуб 1990“/19:30)

- Изложба на кодирана поезија од Елена Пренџова и Владимир Петровиќ од Србија. (Кино „Мис Стон“/20:30)

Скопје - Ревија на филмови од последното 18-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа во Струмица, под мотото „Со нови искуства“. (Кинотека/20:00)

Скопје - „Денови на македонска музика“ - концерт на Дуо Дениција. (Музеј на македонската борба/20:00)

Скопје - ПМГ Рекордингс Фестивал 13. (Клуб Станица 26)

Скопје - Space Apps 2023, Меѓународен хакатон организиран од NASA во соработка со Booz Allen Hamilton, Mindgrub и SecondMuse. (Startup Club Skopje (Bar & Food „Srekja“ / Среќа Бар)

Скопје - Прес-конференција на ФК Вардар по повод натпреварот против ФК Шкендија. (Хиподром, Тренинг камп/12:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан