• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави - МКД

20 ноември 2023

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 131. седница. (13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана. (сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/10:30)

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија и УНИЦЕФ ќе го одбележат Светскиот ден на детето со настан „Децата го преземаат Собранието“.

Прилеп - Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски во посета на Прилеп:

- посета на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи. (11:00)

- увид во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” (11:45)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битижи ќе присуствуваат на отворањето на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “ во Општина Кисела Вода. (Ул. Ѓорги Сугаре бр.2/11:00)

Лондон - Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во посета на Обединетото Кралство.

Скопје - Народниот правобранител во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе ги презентира резултатите од истражувањето „Правата на децата во нашите училишта“. (х. Александар Палас/11:00)

Скопје - Потпишување на договори со општини и центри за развој на планските региони за изработка на техничка документација за имплементација на инфраструктурни проекти во рамки на проектот „Градење на општинските капацитетите за имплементација на проекти“, финансиран од Шведска и Бирото за регионален развој и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (х. Арка/12:00)

Охрид - Предавања во рамки на едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“ (ООУ „Братство и единство“/10:30, изјави за медиуми/10:15 и „ООУ „Живко Чинго“, село Велгошти/13:00, изјави за медиуми/12:45)

Скопје - Црвен крст на Град Скопје почнува со одбележување на Неделата за грижа на стари лица. 

Берово - Сојузот на извидници на Македонија и „Национални шуми“ ја организираат четвртата акција за пошумување на опожарена површина. (10:00-13:00)

Битола - Прес-конференција за фестивалот „Музика од Светот“ (Центар за култура/12:00) 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан