• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

27 април 2023

Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се сретне со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак. (Стар кабинет/ 9:20)

Скопје – Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (сала на Уставна комисија/ 10:00)

Скопје – Седница на Собранието посветена на пратенички прашања. (сала „Македонија“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала на Уставна комисија/ 12:00)

Скопје – Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу ќе учествува на инаугурацијата на улицата „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир, по што ќе ја посети Старата чаршија, а ќе положи цвеќе кај споменикот на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег и бистата на Хасан Приштина. (9:15)

Тетово – Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, ќе престојува во посета на Општина Тетово.

- пристигнување на претседателката Вјоса Османи Садриу во Општина Тетово (11:30)

- средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами (11:35 -12:20)

- заедничка изјава за медиумите (12:20 – 12:40)

- напуштање на зградата на Општина Тетово и прошетка по тротоар до ООУ „Лирија“ (12:40)

- посета на ООУ „Лирија“ (12:45 – 13:20)

- одење пеш до градскиот плоштад (13:20)

- пристигнување на градскиот плоштад и застанување на кафе во „Традиционална куќа“ и музички настап со стари народни песни (13:30 – 13:50)

- пристигнување во Шарена џамија (13:55 – 14:10)

Скопје – Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје организираат панел на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција“ по повод Денот на македонската дипломатија - 29 Април. (МНР, голема сала/ 11:00)

Скопје – Завршна конференција по повод успешната реализација на Твининг проектот „Подобрување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“. (Клуб на пратеници/ 10:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе се обрати на промоцијата на новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид, на македонски јазик и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, сега достапна и за iOS уреди. (простории на Аудиобар – Аудиокултура – Скопје/ 10:00)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе даде изјава за медиумите. (во холот на МЗШВ/ 10:30)

Скопје – Форумот за образовни промени како дел од иницијативата #DigiU организира Форум #DigiU на тема „Дигитализација на државните универзитети во РСМ“. (х. „Лимак“, сала „Атлантис“/ 10:00)

Скопје – Втор ден од Самитот на „Македонија 2025“ во чиј фокус се потенцијалите за општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство. (х. „Мериот“/ 9:30)

Скопје – Конференција: „Најдобри општински практики од Германија“ во организација на Програмата „ЕУ за општините“. (Центар за обука при Секретаријатот за европски прашања (СЕП) / 12:00, изјави за медиумите на почетокот на настанот)

Скопје – Општина Центар организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“. (на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало, спроти Општина Центар/ 13:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на Геријатрија (Пред геријатриската болница во Ѓорче Петров/11:00)

Скопје – Четири години од постоењето на компанијата Лански, Ганзгер, Зеќири + партнер Скопје (ЛГП – Скопје) и отворање на Академијата за европска интеграција. (х. „Лимак“/ 18:30)

Скопје – Промоција на книгата „Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов“ на проф. д-р Милан Јазбец. (Дом на АРМ/ 19:00) 

Скопје – Оркестарот на македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Аир“ на кој како солист ќе настапи виолистот Дијанг Меи  (Кина/Германија), а диригент е маестро Емил Табаков. (Филхармонија/ 20:00)

Скопје – CAFÉ MÜLLER на Пина Бауш во Кинотека. (Кинотека на РСМ/ 20:00)

Скопје – Концерт на дуото Нинослав Спировски и Дени Омерагиќ и концерт на Георги Шарески & Бенд. (КИЦ, Салон 19:19/ 20:00 и во 21:00)

Скопје – Музички спектакл „Girls Night“ кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке во изведба на четири млади актерки: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви. (Public Room/ 21:00)

Скопје -  Шеснаесетти Интернационален фестивал  на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023. (Македонски народен театар, мала сцена/ 20:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба „Моќта на восокот“ на Јорданка Мирковска. (Галерија „КО-РА“, мал салон/ 19:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан