• сабота, 18 мај 2024
МИА Најави МКД

22 јуни 2023 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ќе ја посетат компанијата „Европа“. (Ул. „808” бр. 8 / 11:15; Изјави за медиумите по обиколката на производствените капацитети)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, раководителот за соработка на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Стефен Худолин, Софиа Филипидоу, амбасадор на Грција, и секретарот во Центарот за меѓународно и европско економско право, Вирџинија Тцорциза, ќе се обратат на одбележувањето на почетокот на твининг-проектот „Понатамошно зајканување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на индустриското загадување“. (х.„Солун“/10:00, изјави за медиумите/10:45)

Скопје - Научна конференција на тема: „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“, во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања. (МАНУ / 10:00; Изјави за медиуми од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за финансии Фатмир Бесими и академиците Владо Камбовски и Таки Фити во 9:45; пристигнување на медиумите до 9:30

Пехчево - Јавна расправа по Нацрт планот за управување со заштитен предел „Малешево“ за периодот 2023-2032 година и Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023-2032 година во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и ЈП „Национални шуми“. (Дом на културата „Јане Сандански”/16:00)

Скопје - Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ организира тркалезна маса на тема „Универзитети без корупција во Албанија, С. Македонија и Србија“. (х.„Мериот“, изјави за медиуми/11:00)

Скопје - Конференција „4S – Skopje Summer Seismicity Stop“ во организација на Градежниот факултет УКИМ во Скопје во коорганизација со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Архитектонскиот факултет при УКИМ  и УНДП. (Градежен факултет/10:00)  

Скопје - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје организира конференција „Форум Еуропеум 2023 - 20 години од самитот во Солун: Патот пред нас“. (х. „Мериот“ / 13:30; Изјави за медиуми 13:45) 

Скопје - Промоција на книгата „Социолошки аспекти на драмскиот текст - Компаративна студија на творештвото на Харолд Пинтер и Јордан Плевнеш“ од Анита Димитријовска-Јанкуловска. (Кинотека на Македонија, Интернационален универзитет Еуропа Прима, голема аула/12:00) 

Скопје - Финале на националните натпревари Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP) на кои ќе учествуваат средношколци од средните училишта во Скопје и Куманово. (Простории на СЕМОС Едукација, Т.Ц Скопјанка/11:30)

Скопје - Културно лето и прослава на 68 роденден на Општина Кисела Вода. (Расадник/21:00) 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан