• сабота, 18 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

14 септември 2023 

Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе ги одржи 207 и 200 седница. (Сала 4 / 11:00 /13:30)

Скопје - Собраниската Комисија за европски прашања ќе ги одржи 60 и 62 седница. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:30 / 15:00)

Прилеп - Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати по повод градежните активности од изградбата на автопатот на Коридор 10-д, делница Прилеп - Битола. (линк до локацијата / 10:30;  пристигнување на медиумите најдоцна до 10:15)

Прага - Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ, во рамки на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата.

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари работен состанок со претставници од ланците на супермаркети во државата. (Министерство за економија; Изјави за медиумите по завршување на состанокот пред влезот на Министерството за економија /12:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и евроамбасадорот Дејвид Гир ќе присуствуваат на промоција на нова софистицирана опрема за модернизација на ген банката. (Земјоделски институт Скопје /10:00; Изјави за медиумите во фоајето на Земјоделски институт / 10:30)

Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити ќе присуствува на отвoрањето на Центарот за фетална медицина во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство. (ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство/10:00)

Скопје - Панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“ по повод Меѓународниот ден на демократијата. (Музеј на современа уметност /11:20; Изјави за медиумите /11:00)

Скопје - Прес-конференција на пратеници од Демократско движење. (Прес-центар на Собрание на Република Северна Македонија / 12:00)

Гевгелија - Прес-конференција по повод одржувањето на првиот фестивал на храна и вино во Гевгелија „Taste The South“. (Простории на Општина Гевгелија / 11:00

Скопје - Свечено отворање на 20. и 21. издание на Биеналето на Македонската архитектура во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). (Национална галерија Мала станица / 20:00)

Скопје - Работилница за креативно пишување за млади од 15 до 19 години, насловена „кЛИК, сЛИК  -  сподели кирилица“. (КСП Центар Јадро)

Скопје - Со изложба на тројцата годинешни добитници на наградата ДЕНЕС, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ и Бурџу Мусли, ќе се заокружи одбележувањето на јубилејот - 20 години од првото доделување на оваа награда за млад визуелен/а уметник/чка до 35 години. (Национална галерија Чифте амам / 20:00, јавна презентација на уметниците / 13:00)

Скопје - Отворање на изложбата Арт тура. (Музеј на град Скопје/20:00)

Скопје - Промоција на „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска, издание на Поетска ноќ во Велестово. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ / 19:00) 

Скопје - Премиера на документарниот филм „Примо да Круз“ на режисерот Алексис Зеленски. (Кинотеката/ 20:00)

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан