3 јули 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/13:00)
Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/13:30)
Даблин - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).
Скопје – Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски. (Медија центар на Влада/11:30)
Струмица – Трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“ на која ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. (Градски плоштад/19:30)
Скопје - Брифинг и прес-конференција на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. (Клуб на пратеници/10:00, изјава за медиумите/10:30)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на конференција посветена на развојот на стручното образование и обука. (Инокс иновативен центар - Скопје; на плоштад Македонија/12:00)
Скопје - Генералните директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов на Фондот за здравствено осигурување ќе одржат брифинг со новинарите. (ФЗО/11:00, изјави за медиумите по завршување на брифингот)
Скопје - Фискалниот совет и Универзитетот на Југоисточна Европа ќе одржат настан. (Универзитет на Југоисточна Европа - Kaмпус/12:00)
Скопје - Седница на Судскиот совет на РСМ. (11:00)
Скопје - Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје ќе одржат прес-конференција по повод една година од реализација на францускиот проект за поддршка на филмот, на тема „Копродукција помеѓу Франција и земјите од Западен Балкан: структурирање, поддршка и валоризација на филмското творештво". (Кафе Литература.мк во Дајмонд Мол/12:00)
Тетово - Прес-конференција на Алијанса за Албанците. (Централно седиште на АА во Тетово/11:00)
Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство занаетчиство и заштитните друштва во РСМ-СУТКОЗ. (х.„Солун“/12:30)
Загреб - Отворање на изложбата The Vlatko Stefanovski Experience, посветена на значајниот јубилеј – 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски. (Македонски културен центар/19:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Трагедија на еднаквоста IV (T.O.E. IV) – Буткање на рака“ на Ариел Хасан. (МСУ/20:00)
Скопје - Филмска ревија од избрани македонски филмови по повод 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). (Кинотека на Македонија/20:00)
Кавадарци - Меѓународен фолклорен фестивал “Кавадаречки фолклорни средби“. (Градски плоштад Кавадарци/20:00)
Кадиќој - Концерт на класична музика „Романтични летни ноти“ на виолинистката Сихана Бадивуку-Хоџа и пијанистката Маја Кастратовиќ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул. (Ерменска католичка црква „Сурп Левон“/19:30)
Скопје - Концертна промоција на албумот ЕГРЕГОР на ФИН Проект и Тања Царовска. (Куршумли Ан, Стара Скопска Чаршија/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***