• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

25 јуни 2025 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Влада/10:00)

Скопје -  Собранието ќе ја одржи 57-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Посета на Мисијата за процена на потребите на ОДИХР при ОБСЕ. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе одржи прес конференција по повод отчетот за сработеното во изминатата година. (Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство/9:00)

Скопје - Министерството за економија ќе одржи прес-конференција. (Медија центар на Владата/11:00)

Скопје -  Прес-конференција на пратеникот Сали Мурати. (Прес-центар/11:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ: Перспективи за Северна Македонија и другите земји-кандидатки од Западен Балкан“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје, при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб - Скопје. (МАНУ, Амфитеатар/9:30)

Скопје - 54.сесија на Клубот на истражувачите на која ќе биде презентиран трудот „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. (Народна банка/14:00)

Скопје - Одбележување на Денот на Управата за финансиска полиција. (Клуб на пратеници/19:00)

Скопје - Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) организира прес-конференција. (КСОМ/11:30) 

Скопје - Здружението Новинари за човекови права (НЧП) и Националното координативно тело на Светскиот марш на жената во Македонија ќе одржат тркалезна маса на тема „Улогата на жената во одржувањето на мирот“. (Центар Гнездо/11:00)

Скопје - Прв Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“. (Простории на спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден/10:00)

Скопје - Седмо издание на “Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). (МКЦ, „Фросина“/18:00)

Скопје - Самостојна изложба на Филип Јовановски Градот е јавност - #2 дел Случајот Скопје 1945-2025, перформативен [шетачки] есеј - [радио драма] во три чина. (Кино на Железничката зграда/20:30)

Софија -  Концерт „Од Вевчани до Софија: македонска култура и традиција во ритам“ на КУД „Дримкол“ од Вевчани. (КИЦ/18:30)

Скопје - Концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“. (Сули ан/20:00)

 

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан