МИА Најави МКД
- 18 февруари 2026
18 февруари 2026
Скопје - Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 85-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски ќе одржи средба со францускиот амбасадор, Кристоф ле Риголер. (Струшка Сала/12:30)
Скопје - Владата и Министерството за финансии, заедно со УНДП, Меѓународната организација на трудот – МОТ и Економскиот факултет – Скопје, организираат Годишна конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. (х. „Александар Палас“ /11:00, изјави за медиуми /11:30)
Тирана - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на јавна дебата за новиот Предлог-закон за високо образование. (Универзитет „Мајка Тереза“ / 16:00 / Изјава на министерката Јаневска пред почетокот на дискусијата)
Виница - Бизнис клубот Европа, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија, го организира Форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. (Аудиториум на Прогресив академијата во Виница, I кат /10:00)
Штип - Меѓународен Knowledge Creation Team Workshop #3, во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2EU. (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, во Тренинг центарот на Правниот факултет/9:00, изјави за медиумите/9:30)
Скопје - Доделување лиценци (UIMLA карнети) на новата генерација професионални водичи во планина, обучени согласно меѓународниот стандард на Union of International Mountain Leader Associations (UIMLA) во организација на Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина. (Europe House Скопје/14:00)
Скопје - Предавање на тема „Ласерска аблација во геонауките, сон или реалност во Македонија“ на Блажо Боев. (МАНУ, амфитеатар/12:00)
Скопје - Промоција на книгата „Егосурфер“ на Александар Русјаков. (Дајмонд мол, во книжарницата „Литература.мк“/20:00)
Скопје - Промоција на стрип-албумот „ЛОМ: Бунарот на бесконечната јанѕа“ од Ивица Дукоски и Владимир Благојевиќ. (Лабораториум /19:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***